Достапни линкови

Борбите за Тикрит продолжуваат, ИДИЛ прогласи „калифат“


Ирачките сили продолжуваат со противофанзивата за враќање на контролата врз градот Тикрит на северот на земјата, откако сунитските џихадисти, кои освоија големи делови од територијата во Ирак и во Сирија, прогласија „калифат“. Во различни делови на Тикрит траат борбите меѓу милитантите и владините сили кои се поддржани од армиски хеликоптери.

Бунтовниците, предводени од организацијата Исламска држава Ирак и Левант(ИДИЛ), која се одвои од Ал Каеда, ја презедоа контрола врз Тикрит овој месец.

Во меѓувреме, ирачката влада соопшти дека пристигнале првите пет авиони Сухој од Русија кои треба да помогнат во борбата против милитантите.

ИДИЛ вчера прогласи „калифат“ или Исламска држава што се протега од Алепо во северна Сирија до провинцијата Дијала во Ирак. Во аудио снимката објавена на интернет, Исламската држава Ирак и Левант соопштува дека се преименува во Исламска држава и го прогласи својот шеф Абу Бакр ал-Багдади за „калиф„ и „водач на сите муслимани насекаде“.

XS
SM
MD
LG