Достапни линкови

Нетенјаху со поддршка на курдските аспирации за независност


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја повика неговата земја да им даде „поддршка на курдските аспирации за независност“. Тој вчера рече дека Курдите се борбени луѓе „кои ја покажале нивната политичка заложба и политичка умереност“. Курдите живеат во делови на Иран, Ирак, Сирија и Турција. Во северен Ирак тие имаат автономна покраина.

Нетанјаху рече дека подемот на сунитските екстремисти поддржани од Ал Каеда, како и на шиитските сили кои имаат поддршка од Иран, создадоа можност за „зголемена регионална соработка“.

Според израелскиот премиер, Јордан, кој исто така се соочува со растечка закана за прелевање на конфликтот од соседните Ирак и Сирија, треба да биде зајакнат. Нетанјаху рече Израле ќе треба да го одржи военото присуство во Западниот Брег во догледна иднина.

XS
SM
MD
LG