Достапни линкови

logo-print

Баросо - Односите меѓу Србија и Косово остануваат од клучно значење


Ние знаеме каде не ја завршивме нашата работа како што треба, а Барозо своите забелешки ги изнесе на пријатен начин, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ по средбата со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо.

Вучиќ посочи и дека пред Србија се безброј обврски, пред се економските реформи.

Барозо наведе дека преговорите за пристапот на Србија во ЕУ добро се одвиваат, додавајќи оти ако првите поглавија бидат отворени во втората половина од годината тоа би бил „добар резултат“.

Тој посочи дека најверојатно во октомври ќе се отвори 32 поглавие за контрола на јавните финансии, додека во првата половина од 2015 година ќе се отвори поглавие 23 за судството и основните права и поглавието 24 за правда, слобода и безбедност.

„Нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово останува од клучно значење, а српските власти се свесни дека напредокот во владеењето на правото и почитувањето на основните права ќе биде одлучувачки фактор за пристапниот процес да напредува со стабилно темпо, наведе Барозо.

XS
SM
MD
LG