Достапни линкови

logo-print

Бесплатна легализација на дивоградби за ранливите категории граѓани


Примателите на социјална и постојана парична помош и лицата со ниски примања, со измените на Законот за катастар ќе можат бесплатно да ги легализираат дивоградбите, информираа министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Агенцијата за катастар и недвижности Славче Трпевски.

Со измените, како што појаснија, лицата од социјално ранливите категории целосно ќе бидат ослободени од трошоците во постапката на легализација на дивоградбита, а геодетските елборати ќе ги изработува Агенцијата.

Граѓаните приматели на социјална и постојана парична помош ќе треба да обезбедат потврда од центрите за социјална работа, а оние со ниски примања до 168.000 денари годишно, потврда од Управата за јавни приходи, а потоа можат во подрачните одделенија на Агенцијата за катастар на недвижности да поднесат барања за бесплатен елаборат за легализација.

Сите оние кои ќе извршат легализација на објектите каде што живеат нема да го изгубат правото на социјална и постојана парична помош. Оваа владина мерка се очекува дека ќе ја искористат 34.000 приматели на социјална помош и 5.000 приматели на парична помош.

XS
SM
MD
LG