Достапни линкови

logo-print

Изетбеговиќ - ЕУ направи инвалид од БиХ


Актуелниот претседавач на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ ја обвини меѓународната заедница, а пред се ЕУ, дека од БиХ напрвиле „инвалид во лудачка кошула“.

„Тоа го направи меѓунаросната заедница, Европејците. Прво поради воведеното ембарго, кога тоа што не правеа ништо и не помага, го покриваа со исраќање хуманитарна помош за да си ја исчистат совеста, а потоа уследи Дејтон со што е инвалидизиран државниот апарт во БиХ“, оцени Изетбеговиќ.

Тој истака дека ЕУ постајано вели оти вратите за прием на БиХ се отворени, но дека и натаму ја држи земјата надвор од интеграциските процеси.

Изтебеговиќ ја обвини меѓународната заедница дека дозволила за време на Војната во БиХ во 90-те години на минатиот век да биде „растурено и разорено мултиетничко ткиво“ на земјата.

„Тоа се случи пред нивни очи. Затоа тие имаат долг кон нас“, нагласи Изтебеговиќ, на прес-конференција на која беше промовирана идејата на француксиот филозоф Бернар-Анри Леви за собирање еден милион потписи на петицијата за итно отпочнување преговори за членство на БиХ во ЕУ.

XS
SM
MD
LG