Достапни линкови

Нема специјалистички прегледи за Ване Цветанов


На поранешниот директор на Агенцијата за перење пари Ване Цветанов, кој сега е во притвор, му се ограничува пристапот до здравствена заштита. Цветанов преку писмо кое до медиумите го испраќа неговата мајка Милева Цветанова, реагира на состојбите во притворното одделение. Тој се жали дека затворскиот лекар одбива да му даде упат за специјалистички преглед, односно вели дека веројатноста да добиеш џек-пот е поголема отколку да добиеш упат за специјалистички преглед. Цветанов во писмото наведува дека третманот од страна на затворските чувари е коректен, но од страна на докторите е полош од третман кон робови.

XS
SM
MD
LG