Достапни линкови

Израелски воздушни напади на Газа


Израелската армија соопшти дека извршиле воздушни напади врз засолништа на милитанти во појасот Газа, откако беа лансирани ракети кон Израел. Во текот на изминатата ноќ војската ги насочила своите напади кон 12 локации во Газа.

Претходно палестинските милитанти во Газа истрелаа ракети во јужниот дел на Израел, а една од ракетите погоди фабрика во градот Сдерот. Полицијата соопшти дека немало жртви во јужниот дел на Израел. Од израелските воздушни напади се повредени две лица.

Состојбата на границата меѓу Газа и Израел е напната откако тројца израелски тинејџери исчезнаа на Западниот Брег претходно овој месец. Израел го обвини исламистичко движење Хамас кое ја контролира Газа за киднапирање на тинејџерите.

XS
SM
MD
LG