Достапни линкови

Колапс на зграда во Индија, најмалку 7 жртви


Архивска фотографија - колапс на зграда во Индија.

Архивска фотографија - колапс на зграда во Индија.

Најмалку девет луѓе загинале, а 25 се заробени во урнатините по колапсот на зграда во индискиот град Мадрас. Локалните извештаи велат дека најмалку 27 луѓе се спасени од урнатините на 11-катна зграда. Повеќето од жртвите биле градежни работници, а некои и случајни минувачи кои се засолниле во местото додека имало силна бура. Полицијата соопшти дека две лица од градежната компанија одговорна за изградбата на проектот се уапсени.

XS
SM
MD
LG