Достапни линкови

logo-print

Баросо во посета на Србија


Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо денеска ќе престојува во посета на Белград. Предвидено е со највисоките српски официјални претставници да разговара за процесот на евроинтеграција на Србија. Барозо во Белград се среќава со српскиот претседател Томислав Николиќ, со премиерот Александар Вучиќ и со министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Во пресрет на посетата на Белград, Борозо во изјава за Танјуг оцени дека Србија е „многу важна земја за ЕУ“ и дека остврила значаен напредок во европските интеграции.

Во изјавата Барозо нагласува дека покрај Србија планира да ги посети и „останатите земји од регионот што оствариле напредок на европскиот пат“, додавајќи дека од Белград ќе отпатува за Тирана.

XS
SM
MD
LG