Достапни линкови

Суарез тврди дека случајно го гризнал Кјелини


Поминаа два дена од ригорозната казна што ФИФА му ја изрече на Луис Суарез за инцидентот со Џорџо Кјелини, а се уште не стивнуваат реакциите за овој случај. Во најновата изјава на уругвајскиот репрезентативец што ја пренесоа бразилските медиуми, тој тврди дека ништо не направил намерно.

„Имав контакт со Кјелини по што ја загубив рамнотежата и паднав врз противникот. Во тој момент со лицето удрив на неговото рамо. Почувствував силна болка во пределот на устата и ми остана модринка“, тврди Суарез.

За разлика од него ФИФА смета дека инцидентот е намерно предизвикан и е непримерен за спортските натпревари.

„Нема шанси да се случи такво нешто така како што вели Суарез. Се гледа дека тој намерно го гризна противникот“, стои во реакцијата на Светската фудбалска федерација.

XS
SM
MD
LG