Достапни линкови

Западните санкции ќе се одразат на рускиот економски раст


Рускиот министер за економија Алексеј Улукајев.

Рускиот министер за економија Алексеј Улукајев.

Новата рунда на западни санкции насoчени кон Русија поради кризата во Украина, може сериозно да влијаат на растот, но тoа нема да биде драматична ситуација, изјави рускиот министер за економија Алексеј Улукајев. Тој вели дека Москва има подготвено три можни сценарија во случај на потешки економски санкции.

Помалку сериознa опција претпоставуваат санкциите на луксузни стоки, како што се крзна и кавијар, а најлоша опција е санкциите за метали, вештачки ѓубрива, нафта и гас.

Улукајев вели дека во тој случај стапките на економски раст ќе одат сериозно во негатива, но дека економијата сè уште може да издржи такво сценарио.

До денес, санкциите од Европската унија и САД се фокусирани на конкретни лица и субјекти, не на цели сектори од руската економија.

XS
SM
MD
LG