Достапни линкови

Прекинaт говорот на српскиот претседател на Газиместан


Говорот на српскиот претседал Томислав Николиќ пред Споменикот на Косовската битка во месноста Газиместан во Косово, беше прекинат денеска поради навредливото скандирање на група млади луѓе.

Како што јавија српските медиуми, поголема група млади го прекинале обраќањето на Николиќ скандирајќи: „Го предадовте Косово“.

Од друга страна, пак, друга група граѓани присутини на собирот му аплаудирале на српскиот претседател извикувајќи „Да живее Томислав Николиќ“ и „Да живее Србија“.

Пред да го прекине обраќањато, Николиќ во неколку наврати се обидел да ги смири тензиите порачувајќи: „Сите ние сме Срби“. При говорот на Николиќ била фрлена и петарда.

За време на сите овие случлувања, полицијата што го обезбедувала собиот не се вмешала.

XS
SM
MD
LG