Достапни линкови

Млад брачен пар е убиен во Пакистан заради недозволен брак


Илустрација - пакистански невести.

Илустрација - пакистански невести.

Млад брачен пар е убиен во Пакистан од страна на роднините на невестата, затоа што таа се омажила и покрај нивните противења. Полицијата соопшти дека еден ден по убиството ги уапсиле таткото и мајката на невестата, дедото и двајца чичковци.


Невестата која имала 17 години и момчето на возраст од 31 година се ожениле претходно овој месец без согласност на нивните семејства. Брачниот пар е убиен во куќата на невестата. Тие првин биле врзани, а потоа им биле пресечени грлата.

За повеќето од браковите во Пакистан одлучуваат постарите членови во семејството, а тие кои ќе се одлучат сами да си одберат партнери се соочуваат со репресалии . Минатиот месец, една бремена жена била убиена од својот татко и браќата затоа што се омажила за човек кој бил нејзин личен избор.

XS
SM
MD
LG