Достапни линкови

Продолжено примирјето во источна Украина


Украинскиот претседател Петро Порошенко.

Украинскиот претседател Петро Порошенко.

Украинскиот претседател Петро Порошенко најави дека неговата влада ќе го прошири за уште 72 часа прекинот на огнот во источна Украина.
Соопштението дојде кратко време откако Порошенко се врати во Киев од Брисел, каде што потпиша договор за слободна трговија на самитот на Европската унија.

Во соопштението се наведува дека примирјето е продолжено во согласност со рокот утврден од страна на лидерите на ЕУ за да се согласат бунтовниците на механизам за следење на прекин на огнот, да ја вратат контролата на граничните премини во рацете на Киев и да ги ослободат заложниците, меѓу кои и четири монитори на ОБСЕ .


Примирјето требаше да заврши во 22 часот на 27 јуни, а сега ќе трае до 22 часот на 30 јуни.

Претходно, проруските сепаратисти во источна Украина изразија подготвеност да се придржуваат кон проширеното примирје.

Но лидерот на бунтовниците во Доњецк Александар Бородаи, изјави дека нема да ја предадат контролата врз три гранични места.

И покрај прекинот на огнот, денеска беа пријавени изолирани инциденти на насилство во регионот на Доњецк.

XS
SM
MD
LG