Достапни линкови

logo-print

Ирачката армија се бори за Тикрит


Илјадници ирачки војници, поддржани од воздух и тенкови му се приближуваат на градот Тикрит, северно од Багдад, кој беше освоен од страна на исламистичките бунтовници претходно овој месец.

Портпаролот на војската рече дека денеска хеликоптери спровеле воздушни напади во градот. На 26 јуни, воени хеликоптери истоварија војници во универзитетскиот кампус во Тикрит , предизвикувајќи спорадични судири.

Во меѓувреме, американски беспилотни летала го надлетуваат Багдад.

Министерството за одбрана соопшти дека беспилотните летала треба да ги заштитат американските војници кои неодамна пристигнаа во Ирак за да проценат колку се влошила безбедноста во земјата.

Во текот на изминатите две недели, сунитските милитанти предводена од силите на Исламската држава во Ирак и Левант ја презедоа контрола на голем дел од градовите во северен и западен Ирак.

XS
SM
MD
LG