Достапни линкови

logo-print

Ако победат на Мундијалот, Холанѓаните ќе патуваат во вселената


Ако го освојат трофејот, Холанѓаните ќе патуваат во вселената

Ако холандската фудбалска репрезентација победи на Светското првенство во Бразил, нејзините членови ќе патуваат во вселената.

Холандската компанија „СХЦ“, која нуди туристички посети на вселената, одлучи со едно такво патување да ги награди сите членови на репрезентацијата на Холандија, ако го освојат Мундијалот.

Мотивот за ваквата одлука на „СХЦ“ произлегол од „летот“ на Робин ван Перси при првиот погодок на дуелот со Шпанија.

„Како холандска компанија многу сме годри на тоа што го прават Холанѓаните на СП. Голот на Ван Перси не натера да направиме нешто посебно. Ако го освојат првенството, ги водиме далеку од земјата“, соопштуваат од „СХЦ“.

Цената на патување организирано од оваа компанија изнесува 70 илјади евра за едно лице. Холандските репрезентативци тоа ќе го добијат бесплатно под услов да победат на шампионатот во Бразил.


Во 1/8 финалето Холандија утре ќе игра со Мексико.

XS
SM
MD
LG