Достапни линкови

Банкарскиот сектор во Бугарија под сериозни напади


Централната банка на Бугарија соопшти дека има систематски обид за дестабилизација на земјата, преку напади врз банкарскиот систем. Банката преку соопштение вети дека ќе ги заштити заштедите на граѓаните.

Минатата недела, централната банка ја презеде контролата на Корпоративна комерцијална банка (Corpbank) откако медиумите јавија дека банката која е и политички поврзана има сомнители бизниси

Вчера и третиот по големина кредитор на земјата, Прва инвестициона банка, рече дека е под „невиден криминален напад.“

Во текот на 90-тите години од минатиот век, кризата во банкарскиот сектор во Бугарија однесе во стечај повеќе од десетина банки.

Нападите на банките доаѓаат во време на политичка нестабилност што предизвика Стандард и Пурс да го намалат кредитниот рејтинг на Бугарија.

На 27 јуни, лидерите на најголемите политички партии се договорија на 5 ноември да се одржат предвремени парламентарни избори.

XS
SM
MD
LG