Достапни линкови

logo-print

Аргентинскиот потпретседател обвинет за корупција


Аргентинскиот потпретседател Амадо Боду е обвинет во корупција. Тој е обвинет дека го искористил своето влијание додека бил министер за економија, да и овозможи на компанија која наводно ја контролирал, да го добие договорот за печатење на националната валута. Истата компанија го печатеше и изборниот материјал за реизборот на претседателката Кристина Фернандез де Кичнер. Боду е првиот аргентински потпретседател кој се соочува со обвиненија за корупција додека е на власт. Тој негира дека сторил злоупотреба и одбива да даде оставка. Ако биде осуден, тој се соочува со шест години затвор.

XS
SM
MD
LG