Достапни линкови

logo-print

Почна рамазанскиот пост


Муслиманите денеска започнаа да го чествуваат празникот Рамазан, еден од двата најзначајни муслимански празници. Во наредните триесет дена, верниците ќе постат секој ден од изгревањето до заоѓање на Сонцето.

Поглаварот на Иславмската верска заедица на Република Македоија, реис ул улема Сулејман ефенди Реџепи, упати порака до верниците по повод Рамазан.

„Овој месец е симбиоза на сето тоа што може да се изрази само преку постот, затоа, го молиме Севишниот Аллах да ни овозможи уште еднаш да го исчистиме и да го воздигнеме нашиот дух, со што ќе бидеме по убедени и по близу до Бога“, стои во пораката.

Честитка до поглаварот на Исламската верска заедница и до сите припадници на исламската вероисповед во државата по повод почетокот на рамазанските пости, упатија претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски и претседателот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска.

Првиот ден од Рамазан Бајрам во Македонија е државен празник.

XS
SM
MD
LG