Достапни линкови

Временска прогноза - сончево и топло


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 22 до 32 степени. Во Скопје слично време, со температура до 29 степени. Вредноста на УВ индексот изнесува 8. Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност. Само во понеделник попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

XS
SM
MD
LG