Достапни линкови

logo-print

Обвинителството не покренува постапка за случајот „Македонска Банка“


Јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Јавното обвинителство нема да покрене постапка за случајот „Македонска банка“, во кој беше инволвиран премиерот Никола Груевски. Според обвинителството, како што е наведено во соопштението објавено на нивната веб страна, нема доволно докази за да се отвори предмет за случајот. Но и да имало доволно докази случајот делумно е застарен, бидејќи поминале десет години од извршување на делото.

Кривичната пријава ја поднесе СДСМ врз база на аудио - снимка на телефонски разговор на која, според опозициската партија, Груевски ја договара продажбата на Македонска банка на српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ, познат како газда Нини.

XS
SM
MD
LG