Достапни линкови

logo-print

САД нема да произведуваат и купуваат нагазни мини


САД соопштија дека повеќе нема да произведуваат купуваат противпешадиски нагазни мини. Според соопшението на Белата куќа, земјата нема да ги замени резервите на нагазни мини. Делегација на САД присуствува на Конференцијата во Монзамбик посвететна на Договорот од Отава, кој претставува меѓународна конвенција со која се забранува употребата, производството и транспортот на нагазни мини.

Подоцна договорот стана дел од меѓународните закони и беше потпишан од 161 земја. Според извештајот на ОН, секоја година од нагазни мини загинуваат од 15 до 20 илјади луѓе, најголем дел од нив жени и деца.

XS
SM
MD
LG