Достапни линкови

Заеднички напори на Пакистан и Авганистан против тероризмот


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи

Пакистанските и авганистанските власти формираа заедничка работна група, која ќе се бори против тероризмот. Договорот беше постигнат откако вчера авганистанскиот претседател Хамид Карзаи изјави дека странски сили стојат зад талибанската офанзива во покраината Хелманд. Авганистанските власти обвинија дека припадници на пакистанската разузнавачка служба ја организирале офанзивата и се бореле покрај талибанците.

XS
SM
MD
LG