Достапни линкови

Нови работни места за реализација на обемната програма на Владата


Портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев

Портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев

Кабинетот на премиерот Никола Груевски објави огласи за ангажирање лица на раководни и нераководни позиции и за советници од повеќе области. Портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев информираше дека нема да има никакво фаворизирање и единствен критериум при изборот ќе биде личната способност, стекнатото образование, познавањето странски јазици и потенцијалот на самиот кандидат.

Ѓорѓиев потенцира дека ангажирањето на новите лица е со цел реализација на владината програмата за периодoт од 2014 до 2019, која, според него е обемна. Бројот на лицата кои ќе се ангажираат не е лимитиран.

XS
SM
MD
LG