Достапни линкови

Косово-Извештајот за трговијата со органи ќе се објави во август


Специјалниот пратеник на Советот на Европа во Косово, Дик Марти.

Специјалниот пратеник на Советот на Европа во Косово, Дик Марти.

Резултатите од истрагата за трговијата со органи и злосторствата посочени во извештајот на специјалниот пратеник на Советот на Европа во Косово, Дик Марти ќе бидат објавени во август, јавија медиумите во Приштина. Претходно беше најавено дека американскиот обвинител Клинт Вилијамсон наводите ќе ги објави на крајот од месецот веднаш по почетокот на новиот мандат на европската мисија во Kосово – ЕУЛЕКС.

Најголемо внимание во извештајот на Марти предизвикаа тврдењата за вадење на органи во жолтата куќа во Албанија, кои подоцна биле продавани на црниот пазар.

XS
SM
MD
LG