Достапни линкови

УНХЦР нотира голем пораст на бројката на бегалци од Украина


Бегалци од Украина пред биро за миграција во Русија

Бегалци од Украина пред биро за миграција во Русија

УНЦХР соопшти дека околу 16 400 лица ги напуштиле своите домови во источна Украина во изминатата недела, поради влошената безбедносна ситуација. Со тоа бројката на бегалци се искачи на 54 илјади. Портпаролот на организацијата, Мелиса Флеминг изјави во Женева дека дополнителни 110 илјади лица ја напуштиле Украина и заминале за Русија, а само 9500 од нив побарале статус на бегалци. Според неа, 700 други отишле во Полска, Белорусија, Чешка и Романија.

XS
SM
MD
LG