Достапни линкови

logo-print

ХРВ - во Тикрит егзекутирани најмалку 160 шиити


Борците на Исламската држава Ирак и Левант, според Хјуман рајтс воч, егзекутирале најмалку 160 затвореници овој месец во северниот ирачки град Тикрит.

Хјуман Рајтс Воч објави дека меѓу 160 и 190 мажи биле убиени на две локации во Тикрит во текот на само три дена откако милитантите го зазедоа градот на 11 јуни.

Борците на ИСИЛ тврдат дека егзекутирале 1700 шиити - припадници на ирачката армија во Тикрит и постирале слики на интернет. Оваа милитантна организација стави под своја контрола големи делови од северен и западен Ирак.

XS
SM
MD
LG