Достапни линкови

ЕУ ќе одлучува за нови санкции кон Русија


Лидерите на Европската унија се очекува денеска да разговараат околу воведување дополнителни санкции врз Русија во врска со кризата во источна Украина. Во пресрет на самитот во Брисел, американскиот државен секретар Џон Кери ја повика Русија да преземе чекори за да се разоружаат сепаратистите во Украина во „наредните неколку часа." Американскиот Стејт департмент на 25 јуни соопшти дека постои подготвеност за нови санкции кон Русија , но Кери изјави дека САД не би сакала да се случат тие санкции туку" Русија да преземе акција без притисок. Западни дипломати изјавија дека се мали шансите ЕУ или САД да го распишат на 27 јуни т.н. "трето ниво" санкции кон Русија, како што се ограничениот трансфер на технологија кон руските компании.


XS
SM
MD
LG