Достапни линкови

Северна Кореа тестира нови проектили


Северна Кореја на 27 јуни објави дека успешно тестирала нови управувани проектили. Официјалната Корејска централна новинска агенција ипренесе дека лидерот Ким Јонг Ун раководел со тестирањето , иако не кажа кога или каде се случил. Информацијата доаѓа еден ден откако Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореа испукала три проектили со краток опсег кон нејзините води. Зголемувањето на гневот на Северна Кореја се совпадна со годишните заеднички воени вежби на САД и Јужна Кореја и посетата на Сеул од страна на претседателот Барак Обама.

XS
SM
MD
LG