Достапни линкови

Ослободени монитори на ОБСЕ во Источна Украина


Четворица монитори на ОБСЕ, кои беа киднапирани во мај од страна на проруски вооружени лица во источна Украина, се ослободени. Лидерот на проруските сепаратисти во регионот Доњецк рече дека четворицата пристигнале во еден хотел во градот Доњецк. Александар Бородаи изјави дека четворицата набљудувачи на ОБСЕ биле држени од страна на водачот на бунтовниците во невралгичниот регион на Луханск. Претставник на ОБСЕ во Киев потврди дека тие се ослободени, истакнувајќи дека "биле отсутни 31 ден." Беше изразена загриженост во врска со судбината на уште четири набљудувачи на ОБСЕ кои, наводно биле киднапирани од страна на проруските сепаратисти во источна Украина на 29 мај Според АФП, четирите ослободени набљудувачи на ОБСЕ кои се од Швајцарија, Турција, Естонија и Данска - се појавиле уморни и напнати и одбиле да зборуваат со новинарите во Доњецк.

XS
SM
MD
LG