Достапни линкови

logo-print

Учебната година заврши, долговите останаа


Училиште во Битола.

Училиште во Битола.

Повеќе битолски училишта се со блокирани сметки. Опозицијата обвини дека дел од давачките ги плаќале родителите, а власта признаа дека училиштата имаат долгови и блокирани сметки, но дека се бараат решенија.

Учебната година заврши, но се разгореа дискусиите околу завршните сметки на училиштата во битолскиот совет. Советничкото мнозинство ги прифати сметки на основните и средните училишта, иако повеќето се блокирани и со вкупен долг кон добавувачи, превозници и други фирми од над 60 милиони денари. Опозицијата гласаше против, посочувајќи дека поради финансиската немоќ на школите во изминатата учебна година дел од давачките паднале врз џебот на родителите.

Во изготвувањето на тестови директно учествуваа родителите со финансии, дури добивме одговор дека за тоа се снаоѓаат и наставниците од својот џеб.

„Училиштето „Таки Даскало“ должи 15 милиони денари, „Елпида Караманди“ со блокирана сметка и тужено училиште од страна на „Водовод“, „Трифун Пановски“ долг 3,7 милиони денари, „Гоце Делчев“ долг 5 милиони денари, „Коле Канински“ 5 милиони денари, „Александар Турунџев„ село Кукуречани 5 милиони денари, „Даме Груев“ 6 милиони денари, „Крсте Мисирков“ од село Бистрица 11,7 милиони денари, „Климент Охридски“ 4,5 милиони денари итн. Навистина запрепастувачки и страшно“, обвини Александар Касаповски од ЛДП.

Совет на Општина Битола.

Совет на Општина Битола.

„Во различни училишта се собираа суми за обезбедување од 50 до 200 денари. Во изготвувањето на тестови директно учествуваа родителите со финансии, дури добивме одговор дека за тоа се снаоѓаат и наставниците од својот џеб, а тука се и нагледните средства, наставните ливчиња“, вели Наташа Петревска од СДСМ.

Воспитно-образованиот процес функционира нормално и непречено.

Од советничкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ признаа дека училиштата имаат долгови и блокирани сметки, но велат дека се бараат решенија за надминување на состојбите.

„Воспитно-образованиот процес функционира нормално и непречено. Во текот на учебната година ни едно училиште не ја прекина наставата, имаше редовен превоз, обезбедено греење, бесплатни учебници. Во училиштата се направени инвестициски зафати и реконструкции. Има меѓународни проекти, па и приватни донации кои не се кој знае каков грав, туку напротив зборуваат за менаџерската способност на некои од директорите да обезбедат средства“, одговори Благој Шаклевски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG