Достапни линкови

Уругвај ќе се жали на одлуката на ФИФА за Суарез


Луис Суарез

Луис Суарез

Уругавај ќе приложи жалба на одлуката на ФИФА да му забрани на нивниот фудбалер Луис Суарез настап на девет репрезентативни натпревари, соопшти фудбалската федерација на земјата. Суарез беше казнет, бидејќи на натпреварот со Италија од Светското првенство во Бразил го гризна одбрамбениот играч Џорџио Кјелини. Тоа значи дека Суарез ќе го пропушти наредниот натпревар на Уругвај против Колумбија во осминафиналето на светското првенство во Бразил, односно девет натпревари во репрезентативниот дрес. Тој ќе го пропушти и почетокот на англиската премиер лига, при што е казнет и со 112 илјади долари.

XS
SM
MD
LG