Достапни линкови

САД-Нема одреден рок за спроведување санкции врз Русија


Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери не зборуваше за временска рамка за можни санкции врз Русија, кога изјави дека земјата мора во наредните часови да докаже дека работи на поддршка на примирјето во Украина. Портпаролката на Стејт Департментот, Марие Харф изјави дека тоа не се однесува на конкретен период за дополнителни санкции, туку дека е потребно работите да се одвиваат побрзо. Според неа, не се исклучува можноста за нови санкции, кои можат брзо да се спроведат доколку околностите го налагаат тоа.

XS
SM
MD
LG