Достапни линкови

logo-print

Објавени резултатите од изборите во Косово


Гласачките кутии од изборите во Косово

Гласачките кутии од изборите во Косово

Централната изборна коисија на Косово ги објави официјалните резултати од вонредните парламентарни избори кои се одржаа на осми јуни. Демократската партија на Косово на Хашим Тачи со коалицијата обезбеди 37 пратенички места, со освоени 222.181 гласови (30,30 отсто), пред Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) на Иса Мустафа со 30 пратенички мандати и 184.596 гласови (25,24 проценти) и движењето „Самоопределување“ на Албин Курти со 16 пратеници и 99.397 гласови (13,59 отсто).

По бројот на освоени гласови и пратенички места четврта е Алијасата за иднината на Косово (ААК) на Рамуш Харадинај со освени 689.793 гласови или 9,54 отсто и која во новиот косовски законодаен дом ќе има 11 пратеници, пред Српската листа со 38.199 гласови (5,22 отсто) и девет пратеничким места и Иницијативата за Косово на Фатмир Лимај со 37.681 гласови (5,15 отсто), односно шест пратенички места.

Алијасата за Ново Косово (АКР) на Беџет Пацоли, која до сега беше дел од власта освои 34.170 гласови или 4,67 отсто, што е под границата за обезбедување пратенички мандат. Претседателката на ЦИК, Валдете Дака изјави дека партиите имаат 24 часа рок за жалба по објавувањето на резултатите.

XS
SM
MD
LG