Достапни линкови

Турција го ратификува Договорот за реадмисија со ЕУ


Турција го ратификува Договорот за реадмисија со ЕУ, јави весникот „Хуриет дејли њуз“. Според него, илегалните имигранти кои преку Турција преминале во земјите на Европска унија ќе можат да се вратат на нејзината територија. Договорот за реадмисија беше постигнат во замена за отпочнување на преговорите за визна либерализација за турските граѓани.

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе на Твитер напиша дека ратификацијата претставува уште еден важен чекор кон безвизниот режим за Турците, кои патуваат во ЕУ. Европската комесарка за внатрешни работи Сесилија Малмстром одлуката ја оцени како значаен чекор напред во соработката меѓу ЕУ и Турција.

XS
SM
MD
LG