Достапни линкови

Карзаи-странски сили стојат зад талибанците


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска обвини дека странски интереси стојат зад талибанската офанзива во покраината Хелманд, односно дека странски војници биле видени како учествуваат во борбите. Авганистанските власти претходно соопштија дека припадници на пакистанските разузнавачки служби и други лица од земјата се бореле на страната на талибанците. Повеќе од 800 милитанти вчера ја започнаа офанзивата во регионот каде неодамна беа стационирани американските војници.

XS
SM
MD
LG