Достапни линкови

Санкциите врз Русија влијаат на енергетските компании


Претседателот на Лукоил Вагит Алекперов

Претседателот на Лукоил Вагит Алекперов

Претседателот на Лукоил Вагит Алекперов изрази загриженост дека западните санкции врз Русија поради ситуацијата во Украина негативно се одразуваат врз енергетските компании во земјата. Во интервју за Ведомости тој изјави дека санкциите имале ефект на сите руски компании како Лукоил, Газпром и Роснефт. Според него, компаниите го загубиле својот кредит рејтинг и имале тешкотии за добивање пристап на финансиските пазари.

Тој порача дека банките со кои работи Лукоил им препорачале да ги одложат плановите за објавување акции на светските пазари до есента, бидејќи можеби тогаш кредитниот рејтин ќе се смени. Но, според Алекперов санкциите не извршувале притисок врз работата на Лукоил во Европа и САД.

XS
SM
MD
LG