Достапни линкови

Македонија од ветувањата -земја во која има добар стандард, квалитетен, среќен, убав, слободен живот, весели луѓе, но до кога, може ли ова оваа слика да се одржи или ќе пукне како меур од сапуница?!

Се возите бесплатно со автобус, на Рекорд чекате друг кој ве води до средно Водно, потоа со жичница до самиот врв, гледате и уживате, му се радувате на животот и на можностите. Едвај чекате да дојде недела и да одите бесплатно со воз до Битола да пиете кафе на Широк сокак. Ако имате среќа со нашите возови ќе стигнете можеби до Прилеп, но тоа е друга приказна. Па одите на скијање, на бања, на театар за без пари. Државата ви ги отпишала долговите во банките и за сметките, фирмата во која работи вашето дете му исплатила К-15, па не мора да се грижите за него, ќерка ви само што се вселила во новиот стан за кој владата овозможила да плаќа помала каматна стапка.

За пензионерите - да, за студентите - да, но за другите? Имам разговарано со други, со оние кои не припаѓаат во ниедна група, баш вчера разговарам со едно момче, невработен, нема, не го чувствува тој бенефит од владата.

Тоа е Македонија според ветувањата, Македонија од рекламите, земја во која бенефитите ги уживаат само одредени луѓе, земја во која има добар стандард, квалитетен, среќен, убав, слободен живот, весели луѓе, но до кога, може ли ова оваа слика да се одржи или ќе пукне како меур од сапуница.

Дел од граѓаните негодуваат што поволностите се само за одредени групи на луѓе, други, пак, сметаат дека сето ова што се прави е убаво.

Добро е за луѓето, за сиромасите што се, добро е тоа.

„За пензионерите - да, за студентите - да, но за другите? Имам разговарано со други, со оние кои не припаѓаат во ниедна група, баш вчера разговарам со едно момче, невработен, нема, не го чувствува тој бенефит од владата.“

„Добро е за луѓето, за сиромасите што се, добро е тоа.“

Премиерот Никола Груевски во новиот театар.

Премиерот Никола Груевски во новиот театар.

„За пензионерите особено е добро, па и за другите, за студентите, за младиот свет.“

„Имаме некои бенефиции, имаме пензија, користиме автобуси и сè“, велат анкетираните граѓани.

Можеби навидум сето тоа изгледа дека е супер, дека сега ќе се возат за без пари, дека ќе одат по бањи, дека и студентите ќе бидат привилегирани, но ако економската состојба во цела Европа е таква и ако сите штедат, тогаш зошто ние како Македонија би биле во подобра состојба.

Такво нешто не може да си дозволат побогатите и поразвиени земји, а во Македонија се промовираат мерки, па се поставува прашањето од каде пари, вели познатата македонска актерка и професорка на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Синоличка Трпкова, наведувајќи го примерот со Холандија каде во последниот период пензиите биле скратени, а и бенефициите за студентите.

„Јас обратно ги гледам сите овие работи, можеби навидум сето тоа изгледа дека е супер, дека сега ќе се возат за без пари, дека ќе одат по бањи, дека и студентите ќе бидат привилегирани, но ако економската состојба во цела Европа е таква и ако сите штедат, тогаш зошто ние како Македонија би биле во подобра состојба, гледаме дека не сме, затоа што животот што го живееме и парите што можеме да ги заработиме се далеку, далеку пониски и неспоредливо со некоја земјa со повисок стандард“, вели Трпкова.

Ова е чист популизам, бидејќи воопшто досега не се излегло со бројка за колкав број на граѓани на Република Македонија се однесува, колку тоа ќе ја чини земјата од буџетот и што навистина се сака да се постигне со тоа.

Нашиот народ е навикнат да трпи, не сме живееле во економско изобилсто, живееме бедно и секоја мала работа може да предизвика промена на расположение, додава таа.

„Ако вистински се грижи државата за луѓето и ако институциите вистински ги трошат парите за своите граѓани, тогаш нема да гледаме секој втор-трет ден апел за помош на болни луѓе, на статии и изнемоштени кои умираат во беда или нема кој да им купи леб. Значи така се гледа состојбата на една земја, во тоа колку се згрижени овие ранливи групи“, вели Трпкова.

Државата мора да води грижа за одредени социјални категории, но она што сега се прави од страна на владата е чист популизам, вели политичкиот и економски аналитичар Слободан Најдовски.

„Ова е чист популизам, бидејќи воопшто досега не се излегло со бројка за колкав број на граѓани на Република Македонија се однесува, колку тоа ќе ја чини земјата од буџетот и што навистина се сака да се постигне со тоа“, вели Најдовски.

Тој додава дека со одредени мерки се ставаат во нерамноправна положба дел од граѓаните кои навреме си ги плаќале сметките. Најдовски вели дека има многу нејаснотии околу отпишувањето на долговите и се сомнева во успешноста на мерките.

„Јас сум убеден дека тоа банките нема да го направат на своја штета, туку ќе бараат друг начин тоа да го надоместат од државата. Во секој случај овие мерки се крајно неосмислени и непрецизирани и голем број на граѓани кои очекуваат да се најдат во оваа категорија ќе бидат разочарани кога ќе наидат на одредени услови кои нема да ги исполнуваат. Не сум сигурен дека ќе бидат вклучени голем број на граѓани, туку напротив ова ќе биде само за да се искористи од страна на владата како пропаганда“, вели Најдовски.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG