Достапни линкови

Офанзива против талибанците во Пакистан


Пакистанската војска со тенкови и артилерија започнала офанзива против талибанците во главниот град на покраината Северен Вазиристан, Мираншах. Медиумите јавија дека војската се движела низ пазарот во градот каде се сомнева дека се наоѓаат засолништата на милитантите по спроведувањето на напади со гранати. Но, извештаите не можат независно да се потврдат. Пакистанската војска ја започна офанзивата против талибанците во средината на јуни, по нападот врз аеродром во Карачи, при кој загинаа десетици лица.

XS
SM
MD
LG