Достапни линкови

ОН загрижени за егзекуциите во Иран


Комесарот за човекови права на ОН, Нави Пилај

Комесарот за човекови права на ОН, Нави Пилај

Комесарот за човекови права на ОН, Нави Пилај упати критика до Иран поради големата бројка на егзекуции во земјата, посебно потенцирајќи ги егзекуциите на малолетници. Според соопштението, Пилај го наведува случајот на Разиех Ебрахими, која беше осудена за убиство на нејзиниот сопруг, кога таа имаше 17 години. Ебрахими се омажила на 14 години, родила дете една година подоцна и откако била жртва на семејно насилство го убила нејзиниот сопруг.

Пилај порачува дека со оглед на околностите на случајот егзекуцијата на малолетник е забранета според меѓународнитее закони за човекови права. ОН соопштија дека околу 160 лица биле осудени на смрттна казна за дела кои ги извршиле додека биле малолетни.

XS
SM
MD
LG