Достапни линкови

logo-print

Вилјам Хејг во ненадејна посета на Багдад


Американскиот државен секретар Џон Кери денеска во Париз, за ирачката криза ќе разговара со претставници од Израел, Саудијска Арабија и Јордан. Во меѓувреме, британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг допатува во ненадејна посета на Багдад. Предвидено е Хејг да има средби со ирачките лидери во врска со конфликтот во земјата, кој, според британскиот Форин офис, е смртоносна закана за стабилноста и територијалниот интегритет на Ирак.

XS
SM
MD
LG