Достапни линкови

logo-print

Најмалку 21 загинат во бомбашки напад во Нигерија


Во експлозија во трговски центар во главниот град на Нигерија Абуџа загинале најмалку 21 лице, а 17 се повредени, соопштија болнички избори. Според очевидци до експлозијата што се случи вчера дошло откако била детонирана бомба во возило што се движело кон трговскиот центар. Воени сили беа распоредени веднаш по експлозијата која најверојатно е дел од серијата насилства за која се одговорни екстремистите од исламистичката бунтовничка група Боко Харам.

XS
SM
MD
LG