Достапни линкови

Авганистанските безбедносни власти на средби во Пакистан


Високи авганистански безбедносни претставници денеска во Исламабад ќе разговараат со своите пакистански колеги за безбедносната соработка меѓу двете земји. Закажаната посета доаѓа во време на пакистанската офанзива против бунтовниците во граничниот регион Северен Вазиристан кој долго им служи на Талибанците и странските бунтовници како база за нападите против НАТО војската во Авганистан.Двете страни се обвинуваат меѓусебно за неуспех во борбата со бунтовниците.

XS
SM
MD
LG