Достапни линкови

logo-print

Експлозии во Славјанск и Краматорск


И покрај прекинот на огнот меѓу владините сили и руските сепаратисти има извештаи за борби утринава во источниот дел на Украина. Агенцијата Итар-тасс јавува дека пукотници и експлозии може да се слушнат на аеродромот во Краматорск и во блискиот град Славјанск, во регионот Донетск. Засега нема други детали. Вчера украинскиот претседател Петро Порошенко рече дека имало сериозни прекршувања од проруските сепаратисти на унилатералниот прекин на огнот од украинските сили кој почна на 20 месецов. Тој соопшти дека имало 52 прекршувања меѓу кои и спуштањето на украинскиот хелихоптер ден претходно, инцидент во кој загинаа сите девет члена на екипажот.Западните сили ја предупредија Русија вчера дека треба да направи повеќе за смирување на тензиите и оти во спротивно ќе се соочи со нови санкции.

XS
SM
MD
LG