Достапни линкови

logo-print

Ахмети на средба со амбасадорот Волерс


Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Претседателот наДУИ, Али Ахмети денеска оствари средба со американскиот амбасадор Пол Волерс. На средбата, како што соопшти партијата, станало збор за политичката ситуација во Македонија и регионот, евроатланската интеграција на земјата, владеењето на правото и политичкиот дијалог.

Ахмети истакнал дека ДУИ продолжува да биде посветена на евроатланската интеграција на Македонија. За ова, според Ахмети, потребна е ангажираност на САД како најблизок сојузник на Македонија. Волерс ја потврдил поддршката на САД за интегративниот процес на Македонија.

XS
SM
MD
LG