Достапни линкови

logo-print

Пад на американската економија во првиот квартал


Американската економија во првиот квартал на годината ја доживеа најострата концентрација во последните пет години. Според соопштението, Бруто домашниот производ се намалил за 2,9 проценти во периодот од јануари до март, што претставува поголем пад од првичната проценка од еден отсто. Падот на БДП е еден од најголемите, после оној во 2009 година кој изнесуваше 5,4 проценти.

Слабите резултати, како што е наведно, се должат на лошите зимски временски услови, слабиот раст на потрошувачката и зголемениот увоз. Но, податоците за вториот квартал од април до јуни покажуваат дека американската економија се опоравува.

XS
SM
MD
LG