Достапни линкови

Попоски-ветото останува „привилегија“ само за Македонија


Никола Попоски, министер за надворешни работи на Македонија.

Никола Попоски, министер за надворешни работи на Македонија.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски изјави денеска дека генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, го потврдил она што се знае од практиката дека ветото останува „привилегија“ на една земја-членка. Попоски коментирајќи ја одлуката на НАТО на септемврискиот Самит во Велс, Македонија повторно да не добие покана за членство порача дека земјата ги исполнува сите услови да стане членка на Алијансата, но тоа не е можно поради ветото од Грција и додека не се реши спорот за името.

XS
SM
MD
LG