Достапни линкови

logo-print

Франција-Ослободен докторот кој изврши еутаназија на 7 лица


Францускиот доктор Николас Бонемајсон кој на седум хронично болни пациенти им даде смртоносни инекции беше ослободен од обвиненијата за убиство на судењето во градот Пау. Еутаназијата е нелегална во Франција и Бонемајсон се соочуваше со доживотна казна затвор. Некои од сведоците во негова одбрана беа роднини на починатите.

Судењето отвори дебата за еутаназијата во Франција. Панелот основан од францускиот претседател Франсоа Оланд минатата година препорача легализација на еутаназијата.

XS
SM
MD
LG