Достапни линкови

Светска Банка со 100 милиони долари помош за БИХ


Логото на Светска Банка

Светска банка на 30 јуни ќе одобри пакет од 100 милиони долари помош за Босна и Херцеговина, најави извршниот директор Франк Хемскерк. Според него, станува збор за таканаречен брз кредит по посебни услови, а парите треба да се искористат за обнова на оштетените станбени објекти и инфраструктурата по полавите. Тој по тридневната посета на Сараево порача и дека Светска Банка е подготвена да и помогне на земјата, но инсистира на создавање на претпоставка за економски раст. Вкупната штета од поплавите во БиХ изнесува две милијарди евра.

XS
SM
MD
LG