Достапни линкови

Меркел со поддршка на Јункер за претседател на ЕУ


Германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел ја повтори поддршката за изборот на Жан Клод Јункер за претседател на ЕУ и покрај противењето на Британија. Според неа, нема да биде трагично доколку Јункер не биде избран едногласно.

Британскиот премиер Дејвид Камерон се противи на кандидатурата на Јункер, бидејќи смета дека тој е премногу федералист за да ги протурка реформите на ЕУ. Меркел изјави дека сите грижи на земјите членки на Унијата ќе бидат сериозно разгледани. Дводневниот самит на ЕУ во Брисел ќе започне утре.

XS
SM
MD
LG